Откако Си-ен-ен минатиот месец објави истражувачка статија во која докажува дека во саудискиот напад врз автобус со студенти во Јемен се користени американски бомби, денес објави напис со нови докази дека американски бомби се употребени во нападите на Јемен, во кои настрадаа или беа загрозени цивили, од 2015 до денес.
Во воздушен напад на училиштен автобус, при што загинаа 40 деца, користена е ласерски наведувана бомба МК-82 од производителот „Локхид Мартин“, која САД им ја продале на Саудиска Арабија – слична на онаа што беше фрлена на погребот во октомври 2016 при што загинаа 155 лица, а беа ранети стотици.
Новите фотографски докази за американското бомбардирање „Си-ен-ен“ ги доби од независното јеменско здружение Мватана, кое ги документира кршењата на военото право на сите страни во јеменската граѓанската војна, во која јеменската влада со поддршка од воздух на арапската коалиција предводена од Саудиска Арабија, се бори против Хуту бунтовниците, кои ги поддржува Иран
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.Last month, a CNN investigation found remnants of a US-made bomb at the scene of a Yemen airstrike that killed dozens of children.
Now, CNN has accessed documents that show fragments of US-manufactured weapons at a string of deadly strikes since 2015: https://t.co/IgYUDKZfSB
— CNN (@CNN) September 18, 2018