Социјалната мрежа TikTok, односно нејзината матична компанија ByteDance, планира да отпушти голем број работници ширум светот, а отпуштањата особено ќе се одразат на тимовите кои се занимаваат со корисничка поддршка и комуникација, како и со содржина и маркетинг, пренесува CNN повикувајќи се на анонимни извори во компанијата.
Тековниот глобален оперативен тим со корисници на TikTok ќе биде распуштен, а преостанатите вработени ќе бидат распространети низ тимовите за доверба и безбедност, маркетинг, содржина и производи, известува Мина.
Не е јасно точно колку луѓе ќе останат без работа, бидејќи изворите само забележуваат дека тоа е „голем процент“ од околу илјада вработени кои работат во споменатите тимови.
TikTok минатата година објави дека има седум илјади вработени само во САД
Отпуштањата се во тек веќе некое време и не се поврзани со тековните правни и политички превирања околу TikTok во САД, се вели.