Кина и САД имаат „многу заеднички интереси“, изјави во вторникот новиот кинески претседател Си Џинпинг во текот на посетата на американскиот министер за финансии Џејкоб Лев во контекстот на билатералните тензии во врска со информатичката пиратерија.„Во кинеско-американските односи имаме бескрајно многу заеднички интереси, но неизбежно и спорови“, изјави кинескиот челник Си Џинпинг во текот на приемот на американскиот министер за финансии Џејкоб Лев.Кинескиот претседател Си додаде дека е многу важно двете земји „да му пристапуваат на тој однос со стратешки ставови и од долгорочна перспектива“.Лев се наоѓа во посета на Пекинг, додека од неодамна се зголемија тензиите меѓу двете земји, откако американскиот претседател Барак Обама вети „остри разговори“ со кинеските функционери за информатичкото пиратство водено против американските компании, и владини агенции кои според него делумно ги поддржува Кина.Минатата седмица во телефонскиот разговор со својот кинески колега Си Џинпинг, американскиот претседател Барак Обама ја нагласи важноста од постигнување решение за сајбер безбедноста во моментите кога Вашингтон сé повеќе ја нагласува загриженоста поради хакерските напади кои доаѓаат од Кина.Американската компанија за информатичка безбедност „Mandiant” кон средината на февруари соопшти дека спроведувајќи повеќе од стотици истраги во последните три години утврдила оти организациите коишто на интернет хакерски ги нападнале интернет ресурсите на американската администрација, американските компании и американските медиуми „имаат седиште главно во Кина, како и дека кинеската влада во целост е запознаена со нивните активност”.Компанијата „Mandiant”, којашто инаку е ангажирана за совети од областа на информатичката безбедност од страна на американската влада, тврди дека зад нападите стои „Единицата 61398″ којашто е во составот на кинеската армија и нејзиното седиште е во Шангај.Од компанијата тврдат дека „Единицата 61398″ украла стотици терабајти податоци од најмалку 141 организација во светот од 2006 година досега. Поголемиот број жртви на овие напади се од САД, а помал број се од Кина и од Велика Британија.Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама ги потоа ги запозна највисоките функционери во владата на Кина, вклучително и воените функционери, со загриженоста поради хакерските напади кои доаѓаат од Кина.Официјален Пекинг веднаш категорички ги отфрли извештаите на американската компанија за информатичка безбедност која ја обвини кинеската армија за информатичко пиратство и хакерски напади врз американските владини агенции, медиуми и компании.„Сајбер нападите по природа се транснационални, анонимни и лажливи, има многу несигурност за нивното потекло. Да се потпира само на IP адресите (единствените бројни ознаки на компјутерите) за да се заклучи дека тие напади доаѓаат од Кина, го покажува незнаењето на основните технички правила”, соопшти во февруари кинеското министерство за одбрана преку својот портпарол Генг Јаншенг.Подоцна при крајот на минатата седмица претседателот Обама во разговорот за американската телевизиска мрежа ABC рече дека „дојде до јасен пораст на заканите по нашата информатичка безбедност. Некои од тие закани ги поддржува држава, а други се криминалци“.Оваа тема е на агендата на разговорите на министерот Лев со новите функционери во кинеската влада, меѓу кои и со кинескиот министер за финансии Лоу Џивеиџи, рече за AFP неименуван американски функционер.Џејкоб Лев нагласи дека САД и Кина, двете најголеми економски сили во светот, се одговорни за задржувањето на силниот, стабилен и траен раст во светот“.
МакфаксКина и САД имаат „многу заеднички интереси“, изјави во вторникот новиот кинески претседател Си Џинпинг во