Си пукавте сами во нога – човекот на Путин предупредува: Најголемата криза во историјата допрва доаѓа

Најавена е најтешката криза во историјата на човештвото. Европа се движи кон енергетска катастрофа.

Специјалниот претставник на претседателот Владимир Путин за инвестиции и економска соработка со странски земји и директор на Руската фондација за директни инвестиции (RFPI), Кирил Дмитриев, денес изјави дека доаѓа најсилната криза поврзана со цените на горивата, што ќе предизвика проблеми во економиите на ЕУ и Велика Британија.

-Во моментов се водат дискусии дека нафтата може да чини 150 и 200 долари за барел. А зошто е тоа важно? Бидејќи имаме низа многу јасни предвидувања, кои ги презентираме и за Европската Унија и за Велика Британија, истакна Дмитријев, пренесува ТАСС .

Според него, доаѓа најсилната енергетска криза во целата човечка историја.

„Ниту Европа ниту Велика Британија не се ни блиску до тоа да бидат подготвени за тоа. Покрај тоа, тие си застрелаа во нога отфрлајќи ги руските енергетски компании“ , нагласи Дмитријев.
The post Си пукавте сами во нога – човекот на Путин предупредува: Најголемата криза во историјата допрва доаѓа appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: