Си Џинпинг повика на единство во време кога Кина влегува во нова фаза на ковид-политиката

Кинескиот претседател Си Џинпинг во своето денешно новогодишно обраќање рече дека кинеската политика во врска со Ковид-19 спасила животи, повикувајќи на повеќе напор и единство додека земјата влегува во „нова фаза“ во нејзиниот пристап кон пандемијата.

Си во телевизискиот говор на последниот ден од 2022 година рече дека Кина надмина невидени тешкотии и предизвици во борбата против Ковид-19 и оти нејзините политики се оптимизирани кога тоа го бара ситуацијата и времето.

Ова е прв јавен коментар на Си за кинеската политика за Ковид-19 откако Пекинг го укина строгиот пристап за нулта ковид врз основа на масовно тестирање, централизиран карантин и заклучување што ги одржуваше скоро три години.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.