Големината на скандалот Онкологија за кој Обвинителството денеска почна истрага против 5 лица вработени на Клиниката е 30 милиони евра. На двајцата поранешни директори, медицинскиот Никола Васев и економскиот Нехат Нухи им се одземени пасошите и им е забрането да го напуштат живеалиштето како и да се појавуваат на Клиниката. Тројца лекари вработени на одделите за карцином на дојка и карцином на бели дробови се осомничени дека помагале во кривично дело измама во службата.
- Герасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централиГрадоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, учествуваше на панел-дискусијата „Кој ја обликува… Read more: Герасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи
- Украина ја очекува уште една сурова зима, а надежите за мир се мали, предупреди КаласШефицата за надворешна политика на Европската Унија, Каја Калас, вчера изјави дека… Read more: Украина ја очекува уште една сурова зима, а надежите за мир се мали, предупреди Калас
- По долго страдање, доаѓа благослов: 4 знаци што очекуваат промена во живототСпоред хороскопот, Девица, Риби, Лав и Водолија влегуваат во поповолен период со… Read more: По долго страдање, доаѓа благослов: 4 знаци што очекуваат промена во животот
- Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните деловиВремето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со услови за врнежи… Read more: Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови
- Денеска без струја дел од општина СопиштеОд ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:… Read more: Денеска без струја дел од општина Сопиште
Во текот на предистражната постапка, Основното јавно обвинителство Скопје обезбеди докази кои даваат основано сомнение дека осомничените директори на Клиниката со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија кои што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики и со намера за друг да прибават противправна имотна корист го довеле во заблуда овластеното лице во Фондот за здравствено осигурување да изврши незаконита исплата на пари за набавка на лекови кои ги трошеле и нарачувале спротивно на законските и подзаконските прописи, без формиран стручен колегиум и без соодветни медицински протоколи. Во ова со умисла биле помогнати од тројцата други осомничени доктори кои одредена терапија пропишувале вон препораките и свесно избегнувајќи ги параметрите кои ја опишуваат состојбата на пациентот во однос на болеста.
Основното јавно обвинителство Скопје ја продолжува истрагата во предметот поврзан со работата на Клиниката за онкологија и повторно апелира до сите пациенти да се јавуваат во Јавното обвинителство и да ги пријавуваат сите евентуални незаконитости и злоупотреби на кои биле сведоци, бидејќи нивните сознанија ќе бидат исклучително важни и во натамошниот тек на постапката.
Пронајдете не на следниве мрежи:



