СКАНДАЛ: Во Делчево срушена бистата на големиот поет Никола Јонков Вапцаров

Како резултат на вандалски чин настрада споменикот на големиот поет Никола Јонков Вапцаров кој е патрон на Центарот за култура во Делчево. Од Општината го осудија вандалскиот чин, велејки дека ова е резултат на несовесно однесување на пијана група на млади во Делчево, чии испади резултираат со вандализам и уништување на опрема.

СКАНДАЛ: Во Делчево срушена бистата на големиот поет Никола Јонков Вапцаров

-Упатуваме осудува за овој чин на вандализам кој ги преминува сите граници на несовесно однесување, истакнаа од Општина Делчево, додавајки дека споменикот на културниот деец веднаш е вратен во првобитната состојба.

Реакцијата доаѓа откако претходно беше украден дел од оградата на новиот пешчаки мост ,,Гоце Делчев” во центарот на градот. -Апелираме уште еднаш до граѓаните да се грижат за општинскиот имот и потсетуваме дека согласно со актуелните законски одредби, забрането е уништување на урбана и друга опрема за што е предвидена мандатна казна за сторителите, додадоа од Општината. Во насока на спречување на вандалството во Делчево, претходно Општина Делчево на неколку локации постави надзорни камери, со цел поефикасно откривање на сторителите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.