На генералната проба пред големото финале на Евровизија, кое ќе се одржи вечерва во 21:00 часот, дојде до скандал со водителката која одби да каже „Израел“.Имено, при симулацијата на гласањето, кога влезе водителката од Финска, која според правилото требаше да прочита 12 точки и да му ги додели, како што беше речено, на Израел, дојде до промена и исклучување од програмата.Водителката од Финска одби да каже „Израел“, а наместо договорениот план рече: „На Ирска и’ даваме 12 поени“.Домаќинот во арената во Малме потоа праша: „Молам?”
Finnish spokesperson refusing to say Israel during jury show yesterday lmaoo i really wonder what they’ll do when all of them do this tonight pic.twitter.com/sePtD8yMhZ— saro ֎ (@WWESARO) May 11, 2024
– Не те слушаме добро, можеш ли повторно?, рече таа.Водителката од Финска повторно порача: „Ирска“.После тоа, програмата беше затворена, а потоа зборуваше директорот на ЕБУ.– Добро е што ги имаме овие проби. Според денешната симулација, 12 бода треба да му припаднат на Израел, рече тој.