Фондацијата Арчевел, управувана од принцот Хари и Меган Маркл, е под лупа откако беше откриено дека недостасуваат повеќе од 4 милиони долари од нејзината најнова даночна пријава.Сите се прашуваат каде отидоа парите, додека се очекува следниот даночен извештај кој би можел да ја разјасни ситуацијата.Финансискиот пропуст доаѓа во непријатно време за фондацијата на принцот Хари и Меган Маркл, која веќе беше означена како „деликвентна“ претходно оваа година. Фондацијата дури неодамна доби дозвола повторно да собира и троши пари, а новите проблеми со IRS (Internal Revenue Service) може дополнително да ја разнишаат нејзината репутација, пишува „ Дејли мејл “.Непознати донатори на фондацијата Фондацијата доби две исплати од над 6 милиони долари во изминатите две години, но ниту една не се појавува на даночната пријава. Постојат шпекулации дека големите донации на Арчевел можеби биле направени анонимно преку посреднички организации, практика забележана во минатото.Инаку, на почетокот на годинава фондацијата веќе беше на удар и се сомневаше во регуларноста на своето работење поради неправилности во поднесувањето на годишниот извештај и плаќањето на надоместоците. Иако извори блиски до војводата и војвотката од Сасекс тврдеа дека проблемот е предизвикан од необработен чек од 200 долари, овој нов финансиски пропуст може дополнително да ја искомплицира ситуацијата.Се чека даночен извештај Сите очи сега се вперени во претстојниот даночен извештај на Фондацијата Арчевел, кој се очекува на 15 ноември 2024 година. Доколку повторно се појават проблеми, тоа би можело да предизвика нови компликации за фондацијата, но и за Хари и Меган, кои веќе се осомничени за измама.
Пронајдете не на следниве мрежи: