Гледачите на популарната утринска британска емисија “Good Morning, Britain” се шокираа кога на малите екрани им бил прикажан машки полов орган.
Имено, тема на емисијата била „дали во основните училишта треба да се воведе сликање на голотија“, и поради тоа во студиото присуствуваше машки модел, сосема гол. Додека водителите и нивните гости разговарале за темата, уметничка го сликала мажот.
Во еден момент камерата од зад грб го прикажа целосно голиот маж, а на дел од гледачите им се причинило дека на екранот го виделе половиот орган на мажот, што и ги разбеснило.
„Каков срам, да го гледаш ова во 07.40 кога децата се подготвуват за во училиште и да видиш машки полов орган во утринската емисија“, луто напишал еден Твитерџија.
„Живи Господ, имате ли малку почит и здрав разум“, дадавале гледачите. На други пак не им било јасно зошто воопшто голиот маж бил во студио бидејќи уметничката го сликала само неговото лице.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.What’s the point of a nude model if you’re drawing a head portrait? #gmb
— Graham Yaffe (@Albertstan) January 10, 2020