СКАНДАЛ: Тренерите на ФК Беласица биле физички нападнати во Скопје

Фудбалскиот клуб „Беласица“ од Струмица на Фејсбук објави дека пред натпреварот со „Локомотива Пехчево“ во Скопје, двајцата тренери биле физички нападнати, а кон фудбалерите имало закани дека ќе биде искористено огнено оружје. Инцидентот се случил на игралиштето „Фортуна“ во населбата Синѓелиќ.

Тренерите на ФК Беласица биле физички нападнати во Скопје

СКАНДАЛ ВО ВТОРА МФЛ: ФУДБАЛ ИЛИ КИК БОКС ТУРНИР?

Скандал пред почетокот на натпреварот од ВТОРАТА МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА помеѓу ФК Пехчево Скопје и ФК Беласица. Во гостинската соблекувална на игралиштето на Фортуна, со нула обезбедување од страна на полициска служба, нашиот тренер и тренерот на голмани беа физички нападнати со тупаници и шлаканици од засега неидентификувани лица, додека кон нашите фудбалери и стручен штаб беа упатени закани дека ќе биде искористено и огнено оружје!!!

Нека биде запознаена македонската јавност дека фудбалот во нашата земја е уште далеку од оној европскиот!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.