Скандал: Фудбалски ѕвезди вмешани во измама со пирамидална шема

Поранешните фудбалери Роберто Карлос, Луис Фиго, Икер Касиљас и Фернандо Јеро, како и сегашната ѕвезда на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор се вмешани во измамама со пирамидалната шема на компанијата „Омегапро“

Според информациите тие соработувале со крипто компанија која ветувала профит и до 300%, но сега се соочува со тужби од жртвите. Првично на луѓето кои вложувале им било кажано дека парите ќе ги добијат за 14 месеци, потоа за 18, па 26 и на крајот станало јасно дека станува збор за измама.

Шпанските медиуми пренесуваат дека измамени биле над три милиони луѓе, а вкупно биле вложени над три милијади евра. Една од жртвите изгубила и 18.000 евра.

„Не ми е јасно како може да биде ваква измама. Вклучени беа познати фудбалери, а логото на компанијата сотеше на голем облакодер во Дубаи“, зборувала 56-годишната Долорес.

Задачата на фудбалерите била преку својот имиџ во јавноста да ги убедат граѓаните дека треба да ги вложат своите пари.

Пронајдете не на следниве мрежи: