Скандал ја тресе Велика Британија! Десет илјади луѓе го пцуеја кралот Чарлс на фестивалот: Она што го кажаа беше шокантно

За време на познатиот фестивал Гластонбери во Велика Британија, панк рок бендот Ајдлс предизвика голем скандал кога од сцената извикуваше „Е*и го кралот“, што десетици илјади луѓе повторуваа по нив.Скандалозните пцовки упатени кон кралот Чарлс се слушнаа на популарниот фестивал Гластонбери минатиот викенд. Бендот Ајдлс ја предводеше толпата во скандирањата „Е*и го кралот“, а сето тоа го пренесува Би-Би-Си.Музичарите, кои се познати по своите антимонархистички ставови, ја воодушевија британската јавност, која деновиве се занимава само со избори. Нивните навреди кон монархот ги пренесе Би-Би-Си, што предизвика бес кај приврзаниците на кралското семејство.– Не сум љубител на монархијата, но ова е навистина скандал и тежок чин, напиша корисник на социјалните мрежи.БиБиСи: Пренесуваме во живо без цензураПортпаролот на британската државна телевизија изјави дека преку 90 часа музичка програма била емитувана во живо во текот на викендот.– Како и претходните години, настапите на изведувачите се емитуваа без одлагање, така што во ниту еден момент немаше цензура.Вилијам попопуларен од кралот ЧарлсСпоред истражувањето од 2023 година, принцот Вилијам е многу попопуларен од неговиот татко Чарлс.Популарноста на Чарлс падна на нивото пред пандемијата на корона вирусот во 2019 година, односно падна од 61 на 49 отсто, објави Тајмс.Од друга страна, 62 отсто од испитаниците сметаат дека се задоволни со принцот Вилијам како принц од Велс, титулата што ја наследил од неговиот татко.

Пронајдете не на следниве мрежи: