Скано од СЗО го искара Филипче: „Она што го гледаме сега во Македонија е загрижувачко“

Претставникот на СЗО меѓу редови го искара министерот за здравство Венко Филипче. Фабио Скано вели дека тоа што гледаме сега во Македонија е загрижувачко и она што мора да го знаеме е дека додека не се најде вакцина не смее да го спуштиме гардот, изјави Скано на прес-конференцијата со Филипче во македонската Влада.
“Она што го гледаме сега во Македонија е загрижувачко и она што мора да го знаеме е дека додека не се најде вакцина не смее да го спуштиме гардот. Дејствата што ќе се преземат во наредните денови се многу важни за справување со кризата и тука сум во вистински момент.

Мора да му се спротивставиме на вирусот проактивно и да бидеме пред него. Целта ми е подобро да се запознаам со состојбата на епидемијата и ефектите од мерките кои се преземаат овде”, изјави Скано.
Ова не е најдобро време за олабавување на мерките и спуштање на гардот. Напротив, треба да се прошори тоа што досега беше добро сработено во идентификување, тестирање, изолирање и трагање по контактите, вели Скано.
Претставникот на СЗО додаде и дека отворањето на границите е тешка одлука, но не можело да се прави бинарна интерпретација во однос на здравствената состојба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.