Скијачката Атанасовска испишува историја – прва ќе настапи на трка од Светскиот куп!

Скијачката Јана Атанасовска на само 18 години го оствари најголемиот успех – да стане првата Македонка која ќе учествува на Светскиот скијачки куп во дисциплината слалом и тоа на трка што ќе се одржи утре во Леви (Финска).

Нејзиното учество на ова натпреварување ја става на иста сцени со некои од најдобрите скијачки во светот, вклучувајќи ја и легендата Микаела Шифрин. Заедно со нејзините тренери – Александар Атанасовски и Игор Загерник, Јана е подготвена да го направи своето историско деби во Финска.

Трката во Леви е еден од најважните настани во светот на алпското скијање и ја отвора сезоната на натпревари во дисциплината слалом. Овој куп е познат по својата елитна конкуренција и традиционално привлекува најдобрите скијачи од светот, поради што за нашата Атанасовска ова претставува огромен успех и важен чекор напред во нејзината кариера.

Пронајдете не на следниве мрежи: