Скокањето на јаже е една од најефективните вежби за обликување на телото

Покрај тоа што скокањето на јаже ни била омилена игра во детството, тaа е омиленa и помеѓу спортистите. Причината се крие во фактот дека со оваа вежба за краток рок ќе постигнете големи промени на Вашето тело.
За овој вид на вежба не е потребна теретана ниту скапа опрема, туку само патики и јаже. Покрај тоа што може да послужи како добар кардио тренинг, ова е одлична вежба за обликување на телото.
Доколку скокате на јаже 25 минути дневно можете да согорите до 450 калории. Оваа физичка активност е брза, лесна, забавна и што е најважно ги топи килограмите.


“Оваа вежба е добра и за срцето. Ги зајакнува горните и долните делови на телото и согорува многу калории во краток период”, вели кардиологот Питер Шулман.

Во видеото е прикажан десет минутен тренинг со скокање на јаже. Обидете се да вежбате на ист начин два пати дневно и за многу кратко време ќе ја намалете телесната тежина, затегнете телото и ќе го одржувате Вашето здравје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.