Поради разгорување на пожарите во околината на Скопје, од 17 часот затворена е за сообраќај обиколницата околу градот од клучката Арачиново до клучката за Приштина, информираат од АМСМ.
Од 17:20 часот, затворен е сообраќајот и од клучката за Радишани кон Тетово и обратно, од клучката Орман до Мирковци.
Сообраќајот од Скопје кон граничниот премин Блаце, пак, кој беше целосно во прекин, од 17:20 е пуштен за патнички возила, но и натаму важи забраната за камиони.
Според последните информации на Центарот за управување со кризи (ЦУК), ова се активните пожари во околината на Скопје:
Општина Петровец, Катланово (сува трева)
Општина Чучер Сандево: Црквата Св.Никита (ниска вегетација)
Општина Шуто Оризари, Визбегово, депонија уште е активна
Пожарот кај Станковец, кон Бензинската пумпа Дизел
Општина Ѓорче Петров, Волково (ниска вегетација).