Скопска ЗОО: Епидемиолошки анкети завршени, резултатите за птичји грип негативни

Се огласија од скопска ЗОО од каде велат дека се направени епидемиолошки анкети на сите 16 лица кои се доставени од список. Исто така е направено и тестирање на две лица кои пројавиле симптоми на птичји грип, но резултатите биле негативни.

„Ве известуваме дека се направени епидемиолошки анкети на сите 16 лица кои се доставени од список на ЗОО.

На ден 21.10 согласно протоколите, направено е тестирање за птичји грип во Одделение за вирусологија во ИЈЗ референтна лабораторија, која е меѓународно акредитирана за дијагностика на инфлуенца грип од хумано и анимално потекло, на лице кое во епидемиолошката анкета има наведено дека 1 ден имало симптоми на покачена телесна температура. Воедно е тестирано на ист начин и второ лице вработено во ЗОО кое не е на доставениот список од 16 луѓе вработени во ЗОО, но на ден 21.10 се пријавило во ИЈЗ со тековни симптоми. Ве известуваме дека по добиените резултати од спроведените тестирања, двете лица се негативни за птичји грип“, велат од ЗОО.

Пронајдете не на следниве мрежи: