Нивната љубов ја славеа и познати имиња од нашата естрада, а некои од нив решија и да се пошегуваат на сметка на младоженецот и невестата
Парот прво се венчаше во црква, а потоа следуваше луда и незаборавна прослава во еден луксузен ресторан за свадби.
Инфлуенсерот Кристијан Станковски, попознат како Бомбакис, и неговата поубава половина, Вики Дојчиновска, направија голема свадба на која беа присутни многу познати лица.
Тие добија голем број коверти од гостите, а стендап комичарот Бојан Велевски и водителот Марко Новески решија малку да се пошегуваат.
Имено, тие објавија фотографија со порака на картон на која пишува „Не е сé во парите“, а потоа познатиот комичар додаде:
„Пошо не е сé у парите, Бомбакис дај пликот назад“, му порачаа Бојан и Марко на младоженецот преку Инстаграм.