Во населбата Центар, момче и девојка се најдени после пад од зграда, по што момчето го загубило животот додека девојката се бори за живот.
Од МВР ја потврдија веста дека денеска во 12.57 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред зграда на бул.„Климент Охридски“ биле пронајдени паднати Ф.М.(47) и К.Г.(39), двајцата од Скопје.
Лекар од Итната медицинска помош кај Ф. М. констатирал смрт, а К. Г. со тешки телесни повреди била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош, наведуваат од МВР.
Како што се дознава од МВР, тие настанот не го класифицираат како обид за двојно самоубиство и очекуваат да се подобри состојбата на девојката.
Станува збор за љубовен пар, девојката е од скопската населба Аeродром и е вокалистка на познат скопски бенд.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.