Меѓународниот аеродром „Скопје“ ја доби наградата за квалитет на аеродромските услуги (ASQ) за „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“ за 2025 година од Меѓународниот совет на аеродроми (ACI).
Концесионерот ТАВ Македонија денес објави дека наградата што Меѓународниот аеродром „Скопје“ ја добива по 11-ти пат е уште едно признание од патниците кои пополниле анкети за нивното задоволство од квалитетот на аеродромските услуги. Преку овие анкети, беа мерени клучни индикатори како што се ефикасноста на пријавувањето на патници и багаж, безбедносната контрола, ориентацијата во рамките на аеродромот, како и целокупната леснотија на движење низ аеродромот.
„Ова признание по 11-ти пат ја демонстрира одржливоста на нашата оперативна извонредност и нашата континуирана посветеност на квалитетни аеродромски услуги. Во 2025 година, постигнавме и историски успех со тоа што услуживме над 3 милиони патници – што го прави ова достигнување уште позначајно. Оваа награда, целосно заснована на повратните информации од патниците преку програмата за квалитет на аеродромските услуги, го потврдува нашиот стратешки фокус на ефикасност, безбедност и искуство на патниците“, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија, во писмена изјава.

The post Скопскиот аеродром прогласен за најпријатен во Европа appeared first on Во Центар.