Скопските таксисти имаат конкуренција во Сплит: 209 евра за 5 километри

Таксистите не престануваат да изненадуваат со наплата на своите услуги.

Откако пред неколку дена во Скопје, таксист наплатил 1700 денари за превоз од Ист гејт мол до железничка станица, дестинација за која нема ниту еден километар, шокантна наплата стигна и од Сплит.

Таксист за возење од 5 километри во Сплит, турист платил 209 евра. Во таксито се качил во 19:52 часот, односно не станувало за некоја „ноќна“ тарифа, која што таксистите имаат обичај да ја наплатат двојно, па и тројно.

Пронајдете не на следниве мрежи: