Скопски Саем се руши со дозвола од Гази Баба, демантира East Gate

Компанијата East Gate демантира дека објектот на „Скопски саем” се руши без дозвола од општина Гази Баба и посочуваат дека потребната дозвола за градежните акивности е издадена минатиот месец.
– Првичните градежни работи на мултифункционалниот проект East Gate, што опфааќат отстранување на објектите од поранешниот „Скопски саем“, се извршуваат со дозвола од Општина Гази Баба. Во прашање е решение со број 28-3/2202-2 од ден 19.09.2018 година кое што на инвеститорот му овозможува непречено исполнување на планираните активности, информираат од компанијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.