-Да си „швалер“ е уметност, и некои од нас ја имаат усовршено до крајни граници.Таквите луѓе уживаат во девојката со која се гледаат тајно на вистински начин, заради нив самите, па и односот кој им го даваат е максимален. Погледот кој ќе се добие под око, лагата која ја сфаќате само вие двајца, нејзиниот партнер не постои во таа ситуација. Нормално, она што сакаш да го правиш ќе ти биде подоцна и тебе правено, и јас го прифаќам тоа, и секој оној кој го прави треба да знае дека ќе му се врати истото како бумеранг. А, имам другари кои викаат она мене не ме лаже. „Спиј ти на тоа увце“, вели еден искусен скопјанец.
Дел од скопските швалери заштедуваат пари така што се откажуваат од излегување со сопругата, за да можат да заштедат пари кои ги користат за излегување или патување со љубовницата. Има самобендисани „швалери“, кои ќе се залепат за некоја жена која е тешка како црна земја.
-Всушност тие се трудат двојно повеќе од постоечкиот партнер да ја задоволат девојката (инаку воопшто не би имале улога на “швалер“). Тие се фантастични во кревет, тие се секогаш средени и секогаш насмеани. За нив нема не може, не сакам, не знам, тие се перфектни.А, се перфектни токму зашто не мора да ја покажат својата лоша страна која постоечките партнери мора да ја дадат бидејќи поминуваат премногу време со својата девојка. За разлика од нив, швалерите го добиваат само најдоброто, а ќе го добиваат додека тоа не прерасне во врска со обврски. Потоа и самите ќе се најдат во ситуација да бидат услов за некој друг да може да се нарече швалер, објаснува скопјанецот.
Швалер со интинкт и искуство од оддалеку ги препознаваат жените кои би започнале врска со нив. Настапува како човек кој копнее по внимнание и пријателство, кој исклучително ја цени туѓата добрина и отвореност. Лик кој е благодарен ако жената му даде поддршка и разбирање. И, го добива тоа од неа.