СКОПСКО апелира: Консумирај одговорно и не вози, доколку пиеш!

Останувајќи верно на традицијата, секогаш дел од одличната забава, СКОПСКО и оваа година е дел од спектакуларната забава под маски што од 14-ти до 20-ти март се одржува во Струмица.Покрај тоа што беше придружник на илјадниците посетители од земјава и странство кои се забавуваа во атмосферата што ја направија многубројните маскирани лица – учесници на главната карневалска вечер, што се одржа во саботата на 16-ти март, како и целовечерна карневалска забава во кафулињата и дискотеките во централното градско подрачје на Струмица, СКОПСКО остана доследен промотор на трајната компаниска определба на Пивара Скопје АД за општествено одговорно делување во сите сегменти.Имено, во согласност со својата општествено одговорна платформа во која се интегрирани пораките: „Не вози доколку пиеш!“ и „Консумирај одговорно!“, специјални тимови на СКОПСКО, за време на карневалската забава, ги посетија најфреквентните угостителски објекти каде, по случаен избор и на доброволна основа, направија серија тестирања на количината на алкохол во организмот кај дел од гостите. Притоа, кај оние што брзиот тест покажа присуство на алкохол над законски дозволената граница им беа доделени купони за такси превоз, а оние кај кои тестот покажа умерена консумација на алкохол, беа наградени со пригодни СКОПСКО маички.На ваков начин, СКОПСКО уште еднаш покажа дека пивото е одличен пијалак за уживање и добра забава, но само доколку се консумира одговорно, повикувајќи ги сите свои фанови да внимаваат на својата и безбедноста на другите, со тоа што нема да ги употребуваат своите возила, доколку сепак испијат некоја чаша повеќе.
МакфаксОстанувајќи верно на традицијата, секогаш дел од одличната забава, СКОПСКО и оваа година е дел од спектакуларната заба

Пронајдете не на следниве мрежи: