Скопјанец излета во провалија кај Стража

Скопјанец излета во провалија кај Стража

Скопјанец на возраст од 53 години загина на пат кон превојот Стража излетувајќи во провалија.

МВР информираше дека на завчера на пат кон превојот, во близина на гостиварското село Сретково, со„ауди А6“ управувал од 53-годишникот. Тој излетал од коловозот и паднал во бездна длабока околу 100 метри. Ова предизвикало фатални последици. Пулс24 неофицијално дознава дека починатиот доживеал мозочен удар, што можеби предизвикало да загуби контрола врз возилото кое што го управувал.

Увид е извршен на лице место. Потоа по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.