Скопјанец отишол да се рекреира и починал на Водно

Н.Б на 09.06.2019 година во 11:25 часот во Полициската станица Центар пријавил дека додека се спуштал со велосипед од Водно, забелажал лице кое паднало и тешко дишело, заради што повикал Итна медицинска помош.
Во 12:15 часот екипа од Итната медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство. Утврден бил идентитетот на починатиот, М.Ѓ.(68) од Скопје.
Како што информираат од МВР по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било пренесено на Институтот за судска медицина за обдукција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.