По расправија во ТЦ “Чаирчанка“ едно лице е претепано до смрт, неофицијално дознава “24 Инфо“.
Од МВР тврдат дека не станува збор за убиство, но не даваат никакви информации.
Инцидентот се случил вчера попладне, а во расправијата учествувале неколку лица вооружени со пиштоли, но пукање немало, велат очевидци. Неофицијално, жртвата починала во возилото на Итната помош на пат кон болница.