Скопјанец приведен  за производство и продажба на наркотици

Секторот за внатрешни работи Скопје со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје го предаде лицето Н.Ш. (39), од Скопје осомничен дека сторил кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
Според денешното соопштение на МВР, на 17 октомври по претходно добиена судска наредба, извршен е претрес на дом и други простории кај пријавениот Н.Ш. и при претресот пронајдени и одземени се алуминиумска фолија со растителна материја, две поголеми и две помали паковки, како и една најлонска кеса со растителна материја пресувана во разни форми, 10 пакувања со грутчеста-прашкаста материја, една паковка со прашкаста материја, неколку пакувања со вкупно 27 таблети во разни бои и форми, електричен блендер и пластичен сад со остатоци од непозната материја.
При прегледот кај Н.Ш. пронајдена е поголема количина пари и тоа 23 банкноти во апоени од 2.000 денари, 56 банкноти во апоени од 1.000 денари, 16 банкноти во апоени од 500 денари. По направеното вештачење констатирано дека материјалот во пресувана форма од 447 грама e хашиш, а останатиот растителен материјал од 50 грама e марихуана. За преостанатиот доставен материјал дополнително ќе биде направено вештачење.
Во врска со случајот известен е дежурен Јавен обвинител, од кого се добиени насоки за натамошно постапување, а Н.Ш. е лишен од слобода и задржан за понатамошна постапка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.