51-годишен скопјанец бил пронајден починат во својот дом во општина Аеродром, соопшти МВР.
Според информациите од полицијата, се работи за човек со иницијали Ј.М.
„Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, велат од МВР.