Скопјанец удрил во 10-годишно девојче и тешко го повредил

На 04.05.2019 година во 13:30 часот на регионалниот пат Мелнички Мост- Центар Жупа, патничко возило марка “Форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П.(37) од Скопје, удрило во 10-годишно девојче. Од ударот девојчето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во комплексот клиники “Мајка Тереза“.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Дебар и се работи на расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи: