Вчера во 19.45 часот во СВР Скопје, 35 – годишна жена од Скопје пријавила дека околу 15.30 часот на работното место, во трговски центар на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот сопруг И.Ц.(39) од Скопје.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.