Скопјанец ја следел бившата сопруга, ѝ праќал и локации на кои се наоѓал нејзиниот син

Жена од Скопје пријавила во полиција дека нејзиниот сопруг, од кого во моментот се разведува, ја следел неа и нејзиниот син, а ѝ праќал и локации на кои одел синот, за да ја заплаши, соопшти полицијата.

„На 05.08.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, 46-годишна жена пријави дека нејзиниот сопруг Љ.С., со кого биле во бракоразводна постапка, ја следел и испраќал фотографии преку мобилна апликација од локациите на нејзиниот син, а преку лице кое го познавало нејзиниот син, му упатил закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи: