Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со коронавирус до денеска во Македонија изнесува 259 лице, a вкупната бројка на починати достигна шест лица.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
– Скопје – 145
– Дебар – 46
– Куманово – 21
– Штип- 14
– Прилеп – 8
– Велес – 6
– Тетово – 5
– Струга- 5
– Охрид – 3
– Кавадарци – 2
– Гостивар – 1
– Битола – 1
– Гевгелија – 1
– Струмица – 1
Повеќе од половина заразени со коронавирус во Македонија се од главниот град.
Во моментот се хоспитализирани вкупно 49 пациенти, од кои 7 се со потешка клиничка слика- пневмонија на белите дробови.
На другите пациенти ширум државата состојбата им е стабилна.
За период од 2 до 3 дена потенцијално ќе може 7 пациенти да бидат пуштени на домашно лекување.