среда, 25 ноември 2026
Најново

Скопјани внимавајте: Повеќе од половина заразени со коронавирус во Македонија се од главниот град

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со коронавирус до денеска во Македонија изнесува 259 лице, a вкупната бројка на починати достигна шест лица.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
– Скопје – 145
– Дебар – 46
– Куманово – 21
– Штип- 14
– Прилеп – 8
– Велес – 6
– Тетово – 5
– Струга- 5
– Охрид – 3
– Кавадарци – 2
– Гостивар – 1
– Битола – 1
– Гевгелија – 1
– Струмица – 1
Повеќе од половина заразени со коронавирус во Македонија се од главниот град.
Во моментот се хоспитализирани вкупно 49 пациенти, од кои 7 се со потешка клиничка слика- пневмонија на белите дробови.
На другите пациенти ширум државата состојбата им е стабилна.
За период од 2 до 3 дена потенцијално ќе може 7 пациенти да бидат пуштени на домашно лекување.

Поврзани вести