недела, 29 ноември 2026
Најново

Скопјанка ја задавила својата мајка во нивниот дом

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Скопјанка ја задавила својата мајка во семејниот дом. Според информации на МВР, вчера утрото во 08:10 часот во Полициската станица Карпош 46-годишната А.И. од Скопје пријавила дека на ул. “Ристо Равановски“ во нивниот дом со давење ја убила нејзината мајка, 74-годишната В.И.
Од страна на полициски службеници од СВР Скопје излезено било на местото на настанот и во домот било затекнато починатото лице, а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт.
По наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција, а А.И. е задржана во полициска станица.

Поврзани вести