петок, 13 ноември 2026
Најново

Скопје денеска одбележува 82 години од ослободувањето – 13 ноември, ден на слободата и почитта кон хероите

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Скопје денеска, 13 ноември, одбележува 82 години од ослободувањето од фашистичката окупација во Втората светска војна. На овој ден во 1944 година, по неколкудневни жестоки борби, единиците на Народноослободителната војска го ослободиле главниот град, оставајќи зад себе историски датум кој има посебно место во македонската историја.

Ослободувањето на Скопје било резултат на борбата на македонските партизани и на граѓаните кои се спротивставиле на окупацијата. Во ослободителните операции учествувале 42. и 50. Народноослободителна дивизија и 16. Македонска бригада.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Борбите се воделе на повеќе локации низ градот, меѓу кои кај Старата железничка станица, Офицерскиот дом, Народната банка, Главната пошта и улицата „Илинденска“. Особено тешки судири имало во централното градско подрачје, а борците и граѓаните успеале да го спречат и минирањето на Камениот мост и уништувањето на хидроцентралата „Матка“.

Во борбите за ослободување на Скопје загинале повеќе од 420 борци, додека за време на Втората светска војна животот го загубиле околу 4.600 жители на градот.

Поврзани вести