Како што не ги исполнија ветувањата за проектите што ќе ги реализираат во Скопје, додаваат од СДСМ, така и сега даваат лажни ветувања за претстојните избори
Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата партија која не може да донесе никаква промена, соопштија денеска од владејачката СДСМ, нагласувајќи дека Скопје е синоним за тоа како владее најголемата опозициска партија.
Оттаму потсетија на дел од ветувањата на градоначалничката Данела Арсовска која на изборите беше поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и посочија дека ништо од тоа не било реализирано.
Според СДСМ, главниот град е запустен и во хаос.
„Скопје е синоним на сите лаги на ДПМНЕ. Скопје е пример како владее ДПМНЕ. Го запустија главниот град, создадоа хаос со јавниот превоз, ги турнаа јавните претпријатија во долгови, заборавија на граѓаните, а рацете ги заглавија во медот. Во Скопје го нема ветениот бесплатен јавен превоз, нема нови 250 автобуси, нема нови паркови“,
се наведува во соопштението на СДСМ.
Како што не ги исполнија ветувањата за проектите што ќе ги реализираат во Скопје, додаваат од СДСМ, така и сега даваат лажни ветувања за претстојните избори.
„Ништо не е променето во ДПМНЕ, тоа е истата партија која не може да донесе никаква промена. Со ДПМНЕ е можно само враќање назад. Граѓаните нема да дозволат реприза на Скопје да и се случи на државата со ДПМНЕ и Силјановска“,
децидни се од владејачката партија.