Скопје зафатено од нестабилна маса со пороен дожд и грмежи, еве до кога ќе трае

Нестабилна облачна маса од запад ја зафаќа Скопската Котлина и градското подрачје, информира УХМР.

Проследена е со пороен дожд, грмежи и краткотрајно засилување на ветерот.
Движењето е во правец кон исток со релативно голема брзина, па се очекува нејзино поминување во наредниов час.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.