Скопската Зоолошка градина на пролет ќе стартува со изградба на „Џурасик парк“ со 50 диносауруси ц, информираат од Скопје ЗОО. На колкав простор тој ќе биде подигнат од ЗОО Скопје се уште не даваат конкретни информации.
-Идејата за еден ваков парк потекнува од пред неколку месеци. Се надеваме дека доколку се биде според нашите очекувања, напролет и официјално ќе стартува изградбата на овој парк, во кој ќе бидат поставени диносаурусите, кои е предвидено да бидат во природна големина. Очекуваме тие да станат атракција за сите посетители на ЗОО, без разлика на возраста. Диносаурусите првенствено ќе служат за едукација, но со нив посетителите ќе можат и да се фотографираат, изјави за медиумите Тина Мицковска од скопската Зоолошка Градина.
Од Зоолошката градина информираат дека во моментов се бараат спонзори за реализација на проектот, како и одобрување за негова реализација од страна на Град Скопје.
– Местото каде што ќе бидат поставени овие диносауруси за коишто се надеваме дека ќе бидат нова атракција во Скопје, ќе биде во близина на сегашното живеалиште на коњите – објаснува Мицковска.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.