Скопје, 27 март 2025 – За прв пат во Македонија, на 24 април во хотелот Александар Палас, ќе се одржи настан „Socialize 2025“ – Фестивал на дигитална креативност и технологии. Овој фестивал ќе ги обедини највлијателните личности во сферата на социјалните медиуми, дигиталниот маркетинг и технологиите од Македонија и поширокиот регион. „Socialize 2025“ е осмислен како еднодневен настан со цел да ја поттикне креативноста и иновациите во дигиталната и технолошката индустрија, нудејќи инспирација за создавање оригинални идеи, технолошки напредок и усовршување на маркетинг техниките за подобрување на деловните резултати. Учесниците ќе се вмрежат на интерактивен и креативен начин.
Фестивалот ќе вклучува конференција под наслов „Локални ѕвезди со глобални успеси“, која ќе понуди богата програма со инспиративни говори од истакнати маркетинг професионалци и панел дискусии со влијателни лица од различни индустрии во Македонија. Тие ќе ги истражуваат современите трендови и иновации во дигиталниот маркетинг и технологиите. Учесниците ќе имаат можност да слушнат успешни приказни од признати контент креатори, инфлуенсери, претприемачи и дигитални експерти, кои постигнале глобални успеси преку своите уникатни идеи и потфати.
Посебно внимание ќе привлече учеството на Јасмин Алиќ, истакнат експерт за LinkedIn и копирајтер со големо искуство во соработка со светски познати брендови. Неговото влијание на оваа платформа, со над 300.000 следбеници, ќе биде вредна лекција за сите присутни како LinkedIn може да ја трансформира нивната кариера и деловна активност. Организаторите со гордост го најавуваат неговото присуство, што ќе донесе уникатни стратегии и совети за успех на учесниците.
Покрај конференцијата, присутните ќе имаат можност да се запознаат со ексклузивна анализа на македонската маркетинг индустрија, подготвена од платформата „БизнисМрежа.мк“, која ќе ги опфати главните економски показатели, агенциските сегменти и одржливоста на стартапите. Дополнително, фестивалот ќе нуди различни забавни активности, вклучувајќи брзо вмрежување (speed dating) и работилници со инфлуенсери и дигитални професионалци.
Фестивалот ќе заврши со доделување на наградите „Socialize Awards“ за најуспешните проекти и контент креатори во Македонија. Овие награди имаат за цел да оддадат признание за креативноста и професионализмот на македонските компании, агенции и поединци, како и да ги мотивираат за понатамошен развој. Номинациите за наградите се отворени до 10 април 2025 година, а сите заинтересирани можат да најдат повеќе информации на страницата socialize.mk.
The post Скопје како центар на дигитални иновации и креативност appeared first on 365.mk.