СКОПЈЕ НА ВРВОТ- во главниот град и вчера најмногу од новозаболените, во Козле хоспитализирани пет мајки и пет деца

Благо опаѓање на бројот на новозаболени со Ковид-19 се забележа во претходното деноноќие, кога беа регистрирани 98 случаи, од вкупно 1253 тестирања. Надлежните сепак повторно испратија апел граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот.
Според вчерашниот извештај на Министерството за здравство, вкупниот број на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.791. Бројот на оздравени пациенти е 13.184, а на починати е 648.
Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.959.
-Во последните 24 часа се направени 1.253 тестирања, а регистрирани се 98 нови случаи на Ковид-19. Најмногу нови случаи има во Скопје – 17, Куманово – 13, Прилеп – 11, Тетово – 10, Струга – 5, Охрид – 3, Кавадарци – 4, Гостивар – 7, Гевгелија – 7, Кочани – 3, по двајца во Велес, Струмица, Крива Паланка, Виница, Делчево, Свети Николе и Ресен, и по еден во Битола, Пробиштип, Македонски Брод и Берово, соопшти Министерството за здравство.


Во болнички услови починати се две лица, и тоа пациент од Охрид (54г) и пациентка од Радовиш (51г).
Институтот за јавно здравје во текот на вчерашниот ден има регистрирано вкупно 56 оздравени пациенти. Од нив 19 се во Скопје, седум во Куманово, пет во Прилеп, три во Струга, по еден во Битола, Крива Паланка и Радовиш, седум во Гостивар, по тројца во Берово и Делчево и двајца во Свети Николе.
-На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 85 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се пет деца и пет мајки позитивни на Ковид-19, пет деца и пет мајки суспектни на вирусот, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.
Скопје останува како град со најмногу заболени лица со Ковид-19. Во однос на скопските општини, најмногу новозаболени во текот на вчерашниот ден повторно беа регистрирани во Чаир, а потоа следуваат Гази Баба и Аеродром.
Според податоците на Министерството за здравство, вчера во Чаир беа регистрирани 52 случаи, во Гази Баба 76, Аеродром – 97, Карпош – 68, Центар – 75, Кисела Вода – 55, Ѓорче Петров – 27, Бутел – 35, Шуто Оризари – 12, Студеничани – 10, Сарај – 17, Арачиново – 8, Илинден – 12, Сопиште – 3, Чучер Сандево – 2, Петровец – 4 и Зелениково – 1.
Надлежните испратија апел да се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, да се носи маска, да се држи дистанца и да се дезинфицираат рацете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.