Скопје ноќеска светски рекордер по загаденост

Во 1 часот по полноќ во скопските општини загадувањето со ПМ 10 честичките беше и до 10 пати над дозволените граници. Во Карпош се измерени дури 610 микрограми ПМ 10 честички на еден кубен метар воздух, кај Ректоратот 580, во Центар 471…
Голема загаденост во последните 24 часа е регистрирана речиси во цела Македонија: Битола 400, Тетово 290, Кавадарци 288, Кичево 660, Струмица 566, Кочани 299, Куманово 274…
По соопштението на Министерството за животна средина за надминување на прагот на информирање, каде вредноста на ПМ10 честичките во воздухот над 100 µg/m3 во текот на два последователни дена на минимум две мерни станици, Град Скопје излазе со вообичаените препораки до граѓаните. Да не излегуваат од дома, да користат градски превоз, да не се затоплуваат со отпадни материјали.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.