Скопје останува главно жариште во битката со пандемијата предизвикана од коронавирусот

Главниот град на Македонија, Скопје останува главното жариште во битката со пандемијата предизвикана од коронавирусот со 10.017 активни случаји. Оваа бројка е повеќе од половината активни случаи во земјава, каде по денешните 556 ново-евидентирани има вкупно 16.372 лица инфицирани од коронавирусот.
И од денешните 556 новозаразени, 270 се од Скопје, каде пак има и најмногу излекувани лица од вирусот 204 од вкупната бројка 404 во земјава. Од починатите 22 пациенти во последното деноноќие, 10 се од Скопје.
Во главниот град од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 37.326 случаи
Вкупната бројка на дијагностицирани во целата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86.150, бројката на оздравени пациенти е 67.164, а на починати е 2.614.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.