СКОПЈЕ СЕ ДАВИ ВО ЃУБРЕ

Во текот на 2024 година во Македонија биле собрани вкупно 637.471 тони комунален отпад, што е зголемување од 2,5 проценти во споредба со претходната година. Според Државниот завод за статистика, ова зголемување се должи на проширување на системот за колективно собирање, со вклучување на поголем број населени места.
Најголем дел од отпадот – 180.729 тони или 28,4 проценти – е собран во Скопскиот Регион, што го прави водечки по количина собран отпад.
Поголемиот дел од отпадот доаѓа од домаќинствата – 535.606 тони или 84 проценти, додека преостанатите 16 проценти потекнуваат од правни и физички лица (комерцијален отпад).
Повеќе ТУКА
The post СКОПЈЕ СЕ ДАВИ ВО ЃУБРЕ appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: