Скратете ги часовите пред телевизорот, па ќе си го продолжите животот

Ограничувањето на гледање телевизија барем неколку часови дневно може да ја зголеми должината на животот со неколку години и да ја подобри општата здравствена состојба потврди експериментот спроведен во САД од тим експерти од повеќе области.
Веќе е познато дека гледањето на премногу телевизија е лошо за срцето, дури и ако човек спортува редовно. Целта на оваа студија била да се пресмета колку всушност е опасно седењето пред ТВ уредот.
Тие ги анализирале претходните студии во врска со оваа проблематика и стигнале до заклучок дека ако луѓето го ограничат гледањето ТВ максимум до два часа на ден, тие ќе живеат неколку години повеќе, отколку ако не го направат тоа.
На човечкиот организам му е неопходна физичка активност за да функционира како што требва. А ако животот на нас ни се сведува на работа пред монитор, со автомобил до дома и неколку часа гледање ТВ пред спиење, тогаш повеќе од јасно е каков опасен ризик крие ваквиот начин на живот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.