Скринингот во градинка во Кочани откри 9 заразени со ковид-19, сите без симптоми

По скрининг тестирањето во детската градинка „Павлина Велјанова” во Кочани утврдено е дека девет вработени во јавната општинска установа се позитивни на коронавирусот.
Специфично за добиените резултати е што сите заразени лица воопшто не покажувале симптоми на ковид-19.
На подрачјето што го покрива Центарот за јавно здравје од Кочани во моментот активни се вкупно 19 лица, меѓу кои и жители на општина Чешиново-Облешево, вработени во една од штипските конфекции каде беше откриено присуство на вирусот.

Пронајдете не на следниве мрежи: