Две полицајки се уапсени во Србија поради скандалозните снимки кои се појавија пред некој месец. Едната од нив орално задоволувала колега во тоалетот на полициската станица.
Полицајката (27) која се наоѓа на се*с видеото кое неодамна ја шокираше јавноста е уапсена на работното место!
Пред два месеци, да потсетиме, се појави видео на кое се гледа како млада полицајка орално задоволува колега во тоалетот на полициската станица, а тамошното МВР потоа започна истрага.
Полицајката, која е од југот на Србија, била уапсена вчера во сообраќајната полициска станица каде што е вработена, а наводно се бранела со молчење на сослушувањето.
Исто така, според информации, уапсена е и една нејзина колешка која на сослушувањето признала дека се занимава со проституција и наводно открила за кого работи. Во текот на истрагата било откриено дека на сметката често имала трансакции и од по 1.000 евра.
Во меѓувреме се појавија уште неколку видеа на кои се гледаат уапсените полицајки. На една од снимките, меѓу другото, се гледаат двајцата за време на садо-мазо се*с. Уапсените членови на МУП наводно често се дружеле со учесници во реалното шоу и познати личности.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.