среда, 25 ноември 2026
Најново

Слаба излезност – официјални резулати на ДИК

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Државната изборна комисија ги достави официјалните податоци од 90,24 проценти од избирачките места во државава и според нив до 13 часот излезноста е 16 проценти.
Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски на третата прес-конференција истакна дека според податоците со кои располагаат до 13 часот своето право го искористиле 261.473 гласачи запишани во Избирачкиот список.
Тој нагласи дека денот се одвива нормално со ситни инциденти кои навремено се санирале .
-Во целина сметам дека нема посериозни нарушувања на целиот ден и апелирам до граѓаните до крајот на референдумскиот ден да го искажат својот демократски капацитет, нагласи Дерковски.

Поврзани вести