СЛАБЕЕЊЕ ПОСЛЕ 40? Нутриционистот објасни КОЈА грешка ја прават сите, и кои ПРАВИЛА СЕ КЛУЧНИ!

По 30-годишна возраст, метаболизмот кај повеќето жени се забавува, и како последица на тоа, се појавуваат вишокот килограми од кои е многу тешко да се ослободите. Со цел брзо враќање на линијата, дамите се подложуваат на ригорозни диети и интензивно вежбаат.
Сепак, според нутриционистот Елена Кален, овој пристап не само што не придонесува за слабеењето, туку и му штети на здравјето. Кален цврсто верува дека ако сакаме да ослабеме и да ја одржиме линијата, прво треба да ги преиспитаме нашите навики во исхраната.
– До 40-тата година од животот, хормоните се менуваат, а на телото не му треба толку енергија како порано. Конзумирајќи иста количина калории, жената ризикува да се здебели. Воведете повеќе зеленчук, овошје, житарици и други сложени јаглехидрати во вашата исхрана – советува нутриционистот.
Таа исто така препорачува зголемен внес на храна богата со омега-3 полинезаситени масни киселини. Масната риба, брокулата, карфиолот, оревите, авокадото го нормализираат метаболизмот, го подобруваат функционирањето на гастроинтестиналниот тракт и придонесуваат за намалување на лошиот холестерол.
Покрај тоа, важно е да му се обезбеди на телото најмалку седум часа сон во текот на ноќта, да одиме на свеж воздух и да пиеме доволно вода што ги отстранува токсините.
– Не гладувајте. Кога гладуваме, го изложуваме телото на стрес. Тогаш складира калории, наместо да ги согорува. Ригозните диети и гладта доведуваат до нарушувања во исхраната – вели нутриционистката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.